(ВИДЕО) Развиорија палестински знамиња на Евровизија, обезбедувањето веднаш им ги зема
Објавено во: Свет 19 Мај, 2019
Бендот „Хатари“ од Исланд ги развеа палестинските знамиња за време на бодирањето на евровизиската финална вечер, по што обезбедувањето веднаш се упати кон нив. Едниот член на бендот тајно снимаше со телефон како им ги одземаат знамињата.
Во знак на протест поради воениот конфликт меѓу Израел и Палестина, ги подигнаа знамињата пред камерите.
„Хатари“ важат за контраверзен бенд кој секогаш ги лоцира проблемите и гласно зборува за тоа. Тие биле и предупредени дека не смеат да направат никаков скандал за време на нивниот настап.
Изминативе месеци беа се почести повиците за бојкот поради политичката и воена ситуација во Израел и неодамнешното насилство меѓу израелската армија и милитаристите од Газа.