25 Април, 2024
0.0287

(ВИДЕО) Радев се сретна со бугарските историчари: Ако не гарантирате промена на ставот кај Македонците, Бугарија ќе изгради нова позиција

Објавено во: Балкан 19 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателот на Бугарија, Румен Радев се сретна со бугарските претставници од Мешовитата мултидисциплинарна експертска комисија за историски образовни прашања и им порача дека следните месец дена ќе бидат клучни во преговорите со експертите од македонската страна. Тој им напомена дека Македонија на средината на следниот месец се очекува да добие Датум за преговори а до тогаш треба да бидат изградени ставовите на двете страни од комисијата или во спротивно ќе побара од бугарскиот парламент да ја промени позицијата кон Македонија и да направи нова стратегија.

- Ако можете да гарантирате дека во рамките на следниот месец ќе се решат сите спорови околу настаните, личностите, учебниците, натписите во музеите и спомен-плочите, бугарската Влада нека продолжи со политиката на безусловна поддршка на членството на Македонија во Европската унија, рече Радев.

Шефот на државата зацрта дека ако таква гаранција не може да биде дадена, ќе иницира превземање на мерки за изработување на нова национална позиција „со јасни очекувања и критериуми за заштита на бугарскиот национален интерес кои треба да се наметнат во преговарачката рамка со Република Северна Македонија“.

- Сакам да нагласам дека Бугарија треба да продолжи да ја поткрепува евроинтеграцијата на Македонија. Од секогаш сум настојувал ние да бидеме најактивните застапници на таа кауза, но при јасни услови, додаде Радев на средбата со членовите од комисијата предводена од Ангел Димитров.

Претставниците на Комисијата го запознаа бугарскиот претседател со постигнатото до моментов, како и со предизвиците што претстојат, додека Радев подвлече дека евроинтеграцијата на Македонија не треба да биде на сметка на бугарската историја, јазик и идентитет.


Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)