(ВИДЕО) ПРОГЛАСЕНА Е ТРИДНЕВНА ЖАЛОСТ: Во Шпанија во поплавите загинаа најмалку 72 луѓе
Објавено во: Свет 30 Октомври, 2024
Во поплавите во Шпанија има најмалку 72 жртви, а државата прогласи тридневна жалост.
Како што соопштија властите, најмалку 70 луѓе загинале во Валенсија, а две лица загинале во регионот Кастиља Ла Манча, јужно од престолнината Мадрид. Ова е најстрашната поплава што ја погоди Шпанија во последните 30 години.
People cling desperately to their car roofs as severe floods sweep them away. #DANA #Valencia #SpainFloods #Picanya #Paiporta #Lluvia #Chiva pic.twitter.com/fqXtP35XOJ
На социјалните мрежи се појавија драматични снимки од поплавен бран кој го уништи мостот Паипорта во Валенсија, како и други застрашувачки снимки од катастрофални поплави.
Pareix que la riuada s'acaba d'emportar un pont a Paiporta. Impressionant! Ens arriba el vídeo per WhatsApp i desconeixem l'autor.
— AVAMET (@avamet) October 29, 2024
Molta precaució a les rambles, rius i barrancs. A Paiporta no plou però l'aigua els arriba de més cap amunt. pic.twitter.com/LPWrqFtdCQ
Шпанската влада денеска прогласи тридневна национална жалост за жртвите од поплавите во јужните и источните делови. Последниве месеци имаше смртоносни поплави во Босна, а претходно и во дел од европските земји.
foto EPA-EFE/BIEL ALINO