20 Април, 2024
0.0257

(ВИДЕО): Премиерот Зоран Заев во посета на Конче кај најголемите производители на тутун

Објавено во: Агробизнис 24 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев денес беше во посета на општина Конче. Во рамки на посетата тој го посети и семејството Вејселови, најголеми производители на тутун во Конче.

Семејството Весејлови, без аргати, сами произвеле близу седум тони тутун. 


Вејселови велат дека тутунот е тежок за производство, и во него од расадување, берење, нижење до калапење учествува од најмалиот до највозрасниот член на фамилијата.

„Не се жалиме од работата, само да се плаќа добро. Годинава имавме одличен откуп, дури половина од тутунот што го предадовме ни помина во прва класа и со тоа постигнавме просечна откупна цена од 240 денари“, вели Ибраим Вејселов.


Вејселови како и останатите тутунопроизводители сега ги очекуваат зголемените субвенции кои ги најави Владата.

„За Владата ваквите тутунарски семејства како Вејселови се особено важни. Се работи за 30.000 семејства коишто егзистираат од производство на тутун и тие мора да имаат сигурен, стабилен откуп и редовни субвенциикои, од годинава ќе бидат зголемени по класи со цел да се стимулура квалитетно производство. На овој начин покажуваме интерес и за откупувачите кои ќе имаат квалитетна суровина“, рече премиерот Заев.

Во Македонија има 200.000 земјоделски семејства кои својата егзистенција ја обезбедуваат од земјоделско производство. Состојбата во овој сектор изминативе години беше особено лоша, земјоделците и покрај работата осиромашија а производството опадна.

Затоа еден од приоритетите на новата Влада е развојот на агросекторот и достоинствен живот на земјоделците во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари