(ВИДЕО) Пожар на траект во Грција - 600 луѓе се евакуираат
Објавено во: Балкан 28 Септември, 2019
Се евакуираат повеќе од 600 луѓе од траект во грчкото пристаниште Игуменица, каде избувна пожар.
Пожар избувнал откако траектот пловел кон Венеција. Бродот веднаш се вратил во пристаништето каде започнала евакуацијата.
На траектот имало 538 патници, 75 членови на екипажот и 293 возила, јавува АМНА.