(ВИДЕО) ПОВТОРНО ТЕНЗИЧНО ВО НИКШИЌ: Градот е под опсада
Објавено во: Балкан 14 Мај, 2020
Жители на црногорскиот град Никшиќ почнаа да се собираат повторно пред Центарот за безбедност, а според црногорските медиуми полицијата е со штитови пред зградата. Тие скандираат „Не го давале владиката“, „Светињата мора да се одбрани“.
Во синоќешните немири на улиците на црногорскиот град Никшиќ повредени се 22 полицајци, откако граѓанитете на протестен марш побараа ослободување од притвор на српскиот епископ Јоаникије.