(ВИДЕО) Поплави во Србија, Косово и Албанија - цели села се под вода

Објавено во: Балкан 11 Јануари, 2021
Поплави има во Србија, Косово и Албанија, а цели села се под вода.
Би-Би-Си на српски јазик јавува дека делови од Лесковац, места околу Ниш и Прокупље, неколку населби во Пирот и неколку села на подножјето на Стара планина изутрината се разбудиле во вода.
Во Албанија најкритично е во Лач, Скадар, Лежа и во Драч. Неколку илјади хектари земја се под вода, блокирани се патишта од свлечишта, десетици живеалишта, урнати се мостови во рурални области, а изолирани се многу села до кои може да се стигне само со воени камиони или пловни објекти. Досега се поплавени 7.450 хектари земја, а некои патишта се привремено блокирани поради лизгање на земјиштето.
На Косово поплавите уништија неколку мостови, а во повеќе општини населението е евакуирано поради опасност од поплава. Водата го однела и мостот во селото Доброшец во општина Дреновица, пренесува приштинска „Коха“. Во Гњилане евакуирани се 15 жители, од селата Гњилане, Малишева, Угjаре, Бресаjце – Јабукче и Силово, а надлежните служби добиле 87 повици за помош.
Можеби ќе ве интересира
Осуден неонацист од Златна зора влегол во Македонија со лажно име

МОЖНО Е ЗAТВОРАЊЕ НА СКИ-ЦЕНТРИTE ЗА ВИКЕНД: Огромен број новозаразени, ќе ги зајакнува ли Србија мерките?

Во Србија вирусот збувнува: Кон сака да затвори се дури пет дена

Седеле на иста маса: Сара и Марјан биле заедно во кафуле, тој извадил пиштол и ја убил

ГРАДОНАЧАЛНИК ВО ЗЛАТАРНИЦА СО МЛАДА КОЛЕШКА - еве кое е нивното објаснување

Србија бележи над 3.000 заразени дневно, можно е заострување на мерките

И ЈАС СУМ САМО ОБИЧЕН ЧОВЕК: Вучиќ во опуштено издание, изненади со фотографија на која не сме навикнати

Србија денес има скоро 3.000 заболени од коронавирусот

ВУЛИН ОСТРО КОН ЕУ: Кога веќе не пративте вакцини, задржете си ги и политичките ставови за себе
