(ВИДЕО) Полицајци тепаат човек - МВР го истражува случајот
Објавено во: Македонија 24 Септември, 2020
Полицајци тепаат човек, а од Министерството за внатрешни работи велат дека е утврден нивниот идентитет.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР веќе го утврди идентитетот на учесниците во настанот и презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што јавноста ќе биде соодветно информирана.
Претходно, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како униформирани полициски службеници тепаат маж.
Според она што е споделено на социјалните мрежи се работи за припадник на ромската етничка заедница и се бара одговорност од полицајците за бруталното постапување.