(ВИДЕО) ПО МОЌНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ПОРТОРИКО: Уништен најпознатиот природен симбол и светско чудо
Објавено во: Свет 08 Јануари, 2020
Пунта Вентана, природен срцелик камен, еден од најпознатите природни симболи на Порторико и една од најпопуларните туристички дестинации е уништена во земјотресот кој ја погоди таа земја.
По илјадници години, Пунта Вентана беше погодена од земјотрес од 5,8 степени според Рихтер, кој го потресе Порторико по првиот, помоќен земјотрес. Мештаните не успеаја да веруваат што се случило, а лабораторијата за метеоролошки работи на УПРМ објави фотографија од природното чудо пред и по земјотресот и ги шокираше луѓето ширум светот.
Во земјотресот загина 73-годишен маж кога се срушил ѕид врз него, неколку лица беа повредени, а се случи и голема материјална штета. Снабдувањето со електрична енергија беше прекинато на голем дел од островот и беше забележана значителна материјална штета, јавуваат властите и медиумите.
Гувернерката на Порторико, Ванда Васкез, прогласи вонредна состојба и ја активираше Националната гарда по серијата земјотреси што го погодија овој карипски остров, вклучително и еден од 6,4 степени според Рихтеровата скала.