25 Април, 2024
0.0298

(ВИДЕО) „Парадокс“ на Канал 77: Издавале лажни инвалидски пензии за 3.500 евра по човек

Објавено во: Македонија 22 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Најмалку 77 граѓани од десетина градови во Македонија останале без своите инвалидски пензии а на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување му вратија илјадници евра, за добивање на пензии со кои ги потплатиле комисиите.

Серијалот „Парадокс“ продолжува напладне со утрешната емисија „Стадион“ на Канал 77 за судењето кое траеше две и пол години за синџирот од лекари, комисии, посредници, кои помогнале за по 3.500 евра од човек да се дојде до пензија.

Дали само 77 лица успеале да добијат лажни пензии, или околу 700-тини луѓе, главно партиски кадри, за кои, според лекарите, директно ургирале високи партиски личности, вклучувајќи и министри за да им се дадат пензии.


Граѓаните пред судовите тврделе дека не знаеле или не можеле да знаат дека нивните пензии се одобрени незаконски, за што биле осудени повеќе вработени во Фондот за ПИОМ, но судиите не ги прифаќале ваквите тврдења, повикувајќи се на кривичната пресуда во случајот „Метастаза“ која покажала дека најмалку 77 граѓани, во период од 2 године, платиле пари за да добија инвалидски пензии.

Мал е бројот на пресуди, каде што судиите не го прифатиле барањето на Фондот за ПИОМ во целост да се вратат сите пари примени за период од повеќе години, бидејќи таа сума биле задолжени да ја надоместат и неколку вработени во Фондот, а осудени како дел од групата од 38 луѓе, обвинети дека издавале лажни инвалидски пензии, во предметот познат како „Метастаза“.

СЕ УСВОЈУВА тужбеното барање на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и се задолжува тужената Гордана Т. да му исплати на тужителот на име стекнување без основ вкупен износ од 283.645,00 денари, со законска казнена камата, и парнични трошоци од 8.260,00 денари – пишува во пресудата на граѓанскиот суд.

Иако грaѓaните биле од различни градови, постапките најчесто се воделе во граѓанскиот суд во Скопје, каде што е седиштето на Фондот, а кривичниот суд ја водел постапката против 38 луѓе, обвинети за лажните инвалидски пензии, кои исто така биле од 8 градови во земјава. Меѓу нив имало матични лекари, членови на Комисии за утврдување на инвалидност или неспособност за работа, вработени во централата на ПИОМ и во нивните одделенија во неколку градови, вработени во Министерството за труд и социјална политика и неколку посредници од Тетово, Куманово, Велес, Скопје, кои наоѓале потенцијални баратели на пензии и од нив наплаќале сума до 3.500 евра за да се заврши целата постапка за добивање на пензија.


Можеби ќе ве интересира

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад