21 Април, 2018
0.0850

(ВИДЕО) ОВА Е БИТКОИН ПРЕСТОЛНИНАТА НА САД: Луѓето заработуваат и по 100 000 долари дневно

Објавено во: Свет 13 Јануари, 2018

Градчето Веначи, источно од Сиетл во американската држава Вашингтон, станува единствен по тоа што се претвора во епицентар на биткоин копањето во САД.

Првata од двете основни причини поради кои ова градче стана дом за десетина копачи на биткоини и други дигитални валути се ниските трошоци за струја.

Еден од првите копачи, Малачи Салсидо, раководи со три значајни операции во оваа област, произведувајќи пет до седум биткоини дневнo, пишува CNBC.

Едноставната пресметка покажува дека, ако еден биткоин денес вреди 14 000 долари, а тој ги произведува седум, значи дека дневн заработува 98 000 долари. Освен тоа Салсидо користи 7,5 мегавати енергија.

Струјата во градчето е исклучително евтина: два до три центи по киловат час, а причина се браните на Колумбија со обилни хидроелектрани. Затоа и Малачи е во Веначи.

Сепак, покрај ниските трошоци за струја, Салсидо вели дека неговите месечни сметки надминуваат 100 000 долари, но додава дека тоа сепак се исплаќа

„Трагаме за биткоини бидејќи оваа валута станува корисна за безготовинското плаќање, вистински електронски трансфер. Кога целосно ќе се развие, ќе може во значајна мера да ги здрма моменталните пазари и ќе обезбеди нови можности за директно купување кои моментално не постои на денешните пазари“, заклучил Салсидо.

Шефот на локалната електроекономија, Сатив Рајт вели дека веќе 75 трагачи за биткоин се распрашувале и посакале да дојдат бидејќи цената на оваа валута порасна уште во декември.

Но, не е во прашање само евтината стуја. Ниските температури помагаат серверите да бидат на одговарачка температура.

„Освен евтината струја, имаме и многу добар пристап до интернет. Луѓето ги спојуваат овие две работи и мислат дека тоа е „шанса за биткоин“. Но поплавата на нови копачи ги загрижила постојаните корисници. Ние не сакаме овде да доаѓаат луѓе кои сакаат брза заработка од нашата евтина струја, кои потоа би заминале и би не оставиле со празни раце“, објаснува Рајт.

Видеото може да го видите во оригиналната вест на CNBC.

Можеби ќе ве интересира

Лавров вели дека САД го минираа сирискиот мировен процес

Лавров вели дека САД го минираа сирискиот мировен процес

Шведскиот диџеј Авичи е пронајден мртов во Оман

Шведскиот диџеј Авичи е пронајден мртов во Оман

Крвави судири на границата меѓу Израел и Палестина

Крвави судири на границата меѓу Израел и Палестина

Дамаск конечно е ослободен?

Дамаск конечно е ослободен?

(ВИДЕО) Вулкан се буди по 250 години - во цели градови е забрането движење

(ВИДЕО) Вулкан се буди по 250 години - во цели градови е забрането движење

Иран: Ќе има тешки последици ако САД се повлече од нуклеарниот договор

Иран: Ќе има тешки последици ако САД се повлече од нуклеарниот договор

Терористите на ЕТА бараат прошка за сите жртви

Терористите на ЕТА бараат прошка за сите жртви

По децении на власт на Кастро фамилијата Куба со нов претседател

По децении на власт на Кастро фамилијата Куба со нов претседател

Белгија до Албанците: Не сте добредојдени за азил

Белгија до Албанците: Не сте добредојдени за азил