25 Април, 2024
0.0424

(ВИДЕО) ОРО, АРМОНИКА И ЛЕПЕЊЕ ПАРИ - не било каде, туку во хрватски ковид центар, забавата ја откри налутена сестра

Објавено во: Балкан 23 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Скандалозна снимка од забава којашто се случила во просториите на ковид болницата Дубрава објави хрватската телевизија РТЛ. Таа снимка била направена на почетокот на месецов, а до редакцијата на РТЛ била дадена од вработена во болницата.


Оваа ситуација ги налутила дел од нивните колеги, а една од нив решила да испрати и отворено писмо до редакцијата на телевизија РТЛ.

„Во вакви ситуации ми е срам што сум медицинска сестра. Во 20 години работен стаж вакво нешто не сум доживеала. Непочитување на епидемиолошките мерки, алкохол, тамбури, песни и танц. И сето тоа во просториите на болницата, во режија на вработените. Не знам кој дозволи музичка група во болницата и дали воопшто знаел за тоа, но очекувам санкции за „актерите“ во ова случување. Мислам дека со ова се создаде грда слика за вработените коишто си ја работат работата како што треба. Целата болница зборува за таа спорна забава, а време е одговорните да се одговараат за ова и да се спречат ваквите настани во идина. Се бориме против вирус, а самите го шириме. Лута сум, а и разочарана“, пишува медицинската сестра во писмото.

Директорот на ковид болницата Дубрава, Ивица Лукшиќ изјави дека не е запознаен со случајот.

„Изненаден сум, но мора да знаете дека луѓето во болницата работат напорно и дека прво мора да ги разгледам сите околности коишто довеле до ова,“ рече Лукшиќ.

Засега не е познато колку од вработените, коишто биле присутни на забавата, биле на смена со задолжение да се грижат за болните, а колку од нив останале на забавата откако им завршила работната смена. Не е познат ни поводот за забавата.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)