(ВИДЕО) НОВ БРАН МИГРАНТИ: Грците се мобилизираат
Објавено во: Балкан 30 Август, 2019
Нов наплив на мигранти има во Грција.
Крајбрежната стража потврдила дека 13 чамци со вкупно 546 луѓе во четвртокот стигнале на Лезбос во рок од еден час, а уште 32 луѓе се спасени н море и пренесени на Лезбос.
Уште 65 луѓе се спасени во два наврти кај Кос и на море во близина на градот Александруполос, на северот од Грција.
Тие се префрлени во преполниот камп Морија на Лезбос каде има скоро 11.000 луѓе, а капацитетот му е 3.000.