(ВИДЕО+ФОТО) Невреме во Хрватска, на сила е црвен метео аларм
Објавено во: Балкан 16 Ноември, 2019
Повторно имаше невреме во Хрватска.
Во земјата има проблеми во поморскиот и копнениот сообраќај. Невремето почна вчера, а метеоролозите најавуваат дека слична ситуација се очекува и денеска и утре.
Во прекин се бројни траектни, бродски и катамарански линии – од северен Јадран до Дубровник, а дождот ги поплави крајбрежните шеталишта. Црвен метео аларм е на сила за подрачјето на Истра, Лика и Горски Котор.
Морето исфрли тони ѓубре кај Дубровник.
Хрватски авто-мото сојуз информира дека поради силниот ветер на некои патишта сообраќајот е ограничен само на патнички, додека на камионите и автобусите им е забрането движење. Хрватски климатолог предвидува дека допрва ќе има невреме во годините кои доаѓаат, и дека луѓето не треба да купуваат куќи покрај море. Неделава имаше невреме во Сплит и Дубровник.