(ВИДЕО) Невреме ги потона чамците во Далмација, и однесе животи во Европа
Објавено во: Балкан 23 Декември, 2019
Невреме ја зафати Хрватска, при што ветерот се движел со брзина од 100 километри на час.
Бурата направи хаос во Далмација, а огромните бранови удираа во брегот, по што чамците се искршија и потонаа.
Морскиот сообраќај бил во прекин, и дел од островите биле отсечени.
Изминативе неколку месеци, на удар беа Сплит и Дубровник, каде во неколку наврати имаше силно невреме.
Но, невреме веќе неколку дена има во Европа. Од утринава Венеција, е повторно под вода поради високата плима од 1,5 метри, ниво што поплави 70 проценти од историскиот дел на градот.
Двете разорни бури, Елза и Фабиан однесоа неколку човечки животи. Загинаа две лица во Португалија, и седум во Шпанија. На Корзика е прогласен црвен метеоаларм.
Европската бура погоди и делови од Балканот, односно Албанија и Црна Гора. Поплавени градовите Тиват и Котор.