20 Април, 2024
0.0261

(ВИДЕО) Нема знаци на живи луѓе по ерупцијата на вулканот на Нов Зеланд: Полицијата праќа дронови

Објавено во: Свет 09 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Извиднички летови над Белиот остров на Нов Зеланд каде претходно денес се случи ерупција на вулкан, не откриле преживеани, соопштила полицијата.


Се верува дека околу 50 луѓе биле на островот. Познато е дека петмина загинале а дека 23 лица се спасени, пренесе БиБиСи.


Локалните медиуми пренесуваат дека е можно на островот да се наоѓаат уште околу 27 луѓе.


Полицијата денес соопштила дека веруваат оти сите кои би можеле да бидат живи се евакуирани после ерупцијата. Новозеландски брод ќе испрати посебни дронови кои ќе бараат знаци на животи на островот потврдила полицијата.

Туристи се видени како чекорат внатре во кратерот на вулканот на Белиот остров, неколку минути пред да се случи ерупцијата.

„Врз основа на информациите кои ги имаме , не веруваме дека на островот има преживеани-стои во последниот полициски извештај.

-Полицијата работи на тоа да го потврди точниот број на луѓе кои загинале на островот, покрај веќе познатите пет жртви-стои во соопштението.

Постојат извештаи дека имало околу 24 Австралијци на островот за време на катастрофата.


Белиот остров е познат како најактивниот вулкан во земјата. И покрај тоа што островот е во приватна сопственост, тој е популарна туристичка дестинација, со чести посетувања и живописни летови.

Спасувачите не можат да стигнат до островот заради ризик од нови ерупции. Моментно  во таа област сега е ноќ.


Фото/Принтскрин: AP/GEORGE NOVAK/NEW ZEALAND HERALD


Можеби ќе ве интересира

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан