19 Октомври, 2019
0.0240

(ВИДЕО) На ова езеро му е забрането приближување: Го следи необична легенда а за мештаните е спас

Објавено во: Свет 07 Октомври, 2019

Езерото кое се создадало по вулканска ерупција пред 2.000 години, Машу или Машу-ко е, наводно, најчисто во светот.

Во зависност од денот, видливоста достигнува до 20, 30 метри. Сместено е на островот Хокаиду, северна Јапонија, во Националниот парк Акан-Машу.

Јапонците веруваат дека предците на Аинуи го сметале за свет. Оваа енигматична нација беше изолирана географски, јазично, но и расно - тие имале скоро европски карактеристики.


Некои научници тврдат дека нивните предци биле самураи. Со текот на времето, тие се асимилирале во јапонското општество, така што ни тие не знаат доволно за своите корени.

Светото езеро е опкружено со густа магла и 200 метри кратер кој стрмно се влева во водата. Посетата на езерото беше строго забранета од јапонското Министерство за животна средина од безбедносни причини, како поради непристапноста на теренот, така и за зачувување на чистотата на водата.


На јазикот на Аину, Машу се нарекува и „Езеро на боговите“. Некои Јапонци веруваат дека дух на жена живее на дното.

Мештаните веруваат дека кога некој поминува низ тежок период, треба да се приближи што е можно поблиску до езерото, со надеж дека ќе добие инспирација за решавање на проблемот.


Според легендата, секој кој ќе здогледа одраз во водата, што е тешко, заради постојаната и густа магла, ќе ќе следи несреќа.

Со длабочина од 212 метри, тоа е една од најдлабоките во Јапонија. Езерото остана недопрено бидејќи нема ниту притоки, ниту извори, туку само „стои на самото место“ и привлекува туристи со својата мистерија и убавина.


Можеби ќе ве интересира

НЕМА ПРИМИРЈЕ ВО СИРИЈА: Ердоган се заканува

НЕМА ПРИМИРЈЕ ВО СИРИЈА: Ердоган се заканува

(ВИДЕО) НАСИЛНИ ДЕМОНСТРАЦИИ ВО БАРСЕЛОНА: Ги разгневија пресудите за Каталонците кои го организираа референдумот

(ВИДЕО) НАСИЛНИ ДЕМОНСТРАЦИИ ВО БАРСЕЛОНА: Ги разгневија пресудите за Каталонците кои го организираа референдумот

САД ЌЕ ПОМОГНЕ: Турците ја прекинуваат офанзивата во Сирија

САД ЌЕ ПОМОГНЕ: Турците ја прекинуваат офанзивата во Сирија

Макрон предупреди за оживување на Исламска држава

Макрон предупреди за оживување на Исламска држава

Падна договор за Брегзит

Падна договор за Брегзит

Од што се плаши Макрон?

Од што се плаши Макрон?

ПОЗНАТО КОЛКУ ЛУЃЕ ПОЧИНАЛЕ: Аерозагадувањето убива во Европа

ПОЗНАТО КОЛКУ ЛУЃЕ ПОЧИНАЛЕ: Аерозагадувањето убива во Европа

(ВИДЕО) Смртоносен земјотрес ги погоди Филипините

(ВИДЕО) Смртоносен земјотрес ги погоди Филипините

УЛТИМАТУМ: Ердоган бара курдските борци до вечер да ја напуштат североисточна Сирија

УЛТИМАТУМ: Ердоган бара курдските борци до вечер да ја напуштат североисточна Сирија