(ВИДЕО) На настан Меркел падна на колена
Објавено во: Свет 28 Ноември, 2019
Се сопна и падна на колена. Ова ѝ се случи на германската канцеларка Ангела Меркел. Таа се сопна качувајќи се на бината од која требаше да се обрати на Берлинската конференција за мултилатерална трговија и дигитална безбедност, а снимката од инцидентот на својот YouTube канал британскиот таблоид The Daily Mail.
Меркел потоа се пошегувала дека не ги забележала скалилата, но дека следниот пат дефинитвно ќе ги користи. Оваа година на неколку настани се случуваше Меркел да се тресе, нешто што медиумите го забележаа, по што од кабинетот уверуваа дека таа нема здравствени проблеми.