25 Април, 2024
0.0279

(ВИДЕО) Министерот Димковски и неговиот ривал Трипуновски се расправаа на протест

Објавено во: Економија 20 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Трајан Димковски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, вчера упадна на протест на лозари со блокада на патот Прилеп - Градско кај Росоман.  Таму беше и претседателот на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски, кој беше обвинет од Димковски дека го организира протестот без да се произнесат кои се проблемите и барањата. Трипуновски пред групата рече дека е дојден на блокадата за да даде поддршка, а не за да ја организира.

Земјоделците побараа оставка од министерот кој се затекна на протестот, а од владеачкиот СДСД потоа излегоа со соопштение дека се работи за присутни членови на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци, пратеничката Весна Пемова, секретарот на ОК Кавадарци, членови и претседателот на УМС Кавадарци, вработени во администрацијата, а предводени од Трипуновски.

Димковски потоа реагираше дека Трипуновски во иднина сака да биде министер за замјоделство, односно да дојде на неговата позиција.

„Да поддржуваш протест, а да не знаеш зошти си таму, е мои земјоделци токму оваа лице сака да ви биде министер за земјоделство во Влада на ВМРО ДПМНЕ.
Изборот е ваш“, напиша Димковски на социјалните мрежи.

Трипуновски пред присутните го повика на ТВ-дуел за актуелните случувања во земјоделството, а Димковски го прифати предизвикот и му порача да одбере време и телевизија.

„На денешниот протест на лозарите и овоштарите во Росоман јавно го повикав министерот Димковски на тв дуел и конечно прифати да се соочиме пред очите на јавноста и да дебатираме за погубните политики кои ги води СДСМ во последниве три години откако се на власт“, објави потоа Трипуновски.

Присутните рекоа дека бараат загарантирана цена на грозјето, бидејќи откупната била 9 денари по килограм, а исто така и укинување на акцизата.




Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди