(ВИДЕО) МИЦКОСКИ НА ИЛИНДЕН ЧЕСТИТАШЕ ВЕЛИГДЕН: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се збуни, па се извини
Објавено во: Македонија 02 Август, 2021
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кои претходно потврди дека нема да присуствува на централната манифестација на одбележување на денешниот празник 2-Август, Илинден, туку дека традиционално одбележувањето на Денот на Републиката ќе го прослави во Ташмаруништа, во обраќањето пред присутните се збуни и честита Велигден, наместо Илинден.
-На сите Македонци, каде и да се, честит Велигден…Илинден, се извинувам, и нека е вечен празникот, порача Мицкоски, насмевнувајќи се откако ја направи грешката.
ФОТО: Фејсбук