(ВИДЕО) МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ВО ЕГИПЕТ: Уапсени се повеќе од 1.100 луѓе
Објавено во: Свет 25 Септември, 2019
Повеќе од 1.100 луѓе се приведени по протестите во Египет.
Овој викенд имаше протести во неколку градови, при што е побарана оставка на претседателот Фатах ал-Сиси.
Стотици луѓе излегоа на улиците на Каиро и другите градови во петокот во знак на протест против корупцијата. Демонстрациите продолжија во саботата во Суец на брегот на Црвеното Море.
Меѓу уапсените се и некои истакнати опозициски фигури, портпарол на кандидатот за претседател на минатогодишните избори и добро познат писател.
Полицајците на самото место ги проверуваа мобилните телефони на граѓаните за сомнителните политички содржини. Сиси дојде на власт откако го собори претседателот и лидер на Муслиманското братство Мохамед Мурси, првиот демократски избран претседател на Египет, по масовните немири против Мурси во 2013 година.