(ВИДЕО) КРИЗА ВО ЈУЖНА КОРЕЈА: Уапсени се опозициски лидери, имаше и судири
Објавено во: Свет 03 Декември, 2024
Јужна Кореја е на работ на политички колапс откако претседателот Џун Сок Јол нареди апсење на водечките опозициски лидери. Специјалните единици упаднаа во зградите на политичките партии во близина на парламентот.
Меѓународните набљудувачи со загриженост го следат развојот на ситуацијата, особено имајќи ја предвид стратешката важност на Јужна Кореја во регионот и нејзините блиски врски со Соединетите Американски Држави.
Претседателот Јун Сук Јол, прогласи воена состојба, но брзо ја повлече одлуката.
Во земјата имаше судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили кои се обидоа да го забарикадираат Националното собрание.
Војниците влегоа во зградата веднаш по прогласувањето на воена состојба.
Пратениците гласаа против декретот за воена состојба што го најави претседателот Јун Сук Јол.
Сите присутни 190 пратеници од вкупно 300 во Парламентот гласаа за поништување на мерката.
САД „го следат развојот на настаните“ во Јужна Кореја „со голема загриженост“, изјави денеска заменик државниот секретар Курт Кемпбел.
South Korea - Military smashes windows to enter the parliament pic.twitter.com/9pjoGmeQq4
— Defiant L’s (@DefiantLs) December 3, 2024