(ВИДЕО) Како „Саво од Германија“ во емисија повикува на убиство на Додик
Објавено во: Балкан 28 Февруари, 2020
За време на синоќешната емисија „Пулс“ на БНТВ, чиј домаќин беше претседателот на ПДП, Бранислав Бореновиќ, еден гледач упати телефонски повик во отворената програма, повикувајќи на убиство на членот на српското претседателство на Босна и Херцеговина, Милорад Додик.
Поточно, гледачот, потпишан како „Саво од Германија“, праша „дали е можно да се убие Милорад Додик, како што тоа беше сторено со поранешниот американски претседател Кенеди?“
Бореновиќ и водителката и уредничка на шоуто, Сузана Раѓен-Тодориќ, се оградија, велејќи дека изјавата е несоодветна. Исто така, Рајден-Тодориќ ги покани сите гледачи кои имаат вакви или слични прашања да не ја гледаат и да не се јавуваат во емисијата.