(ВИДЕО) ЈАНЕВА: Јас сум сеуште СЈО, се надевам дека ќе и помогнам на истрагата
Објавено во: Македонија 20 Август, 2019
„Јас сум сеуште специјален јавен обвинител во Република Македонија, моите колеги имаат целосно овластување да ги застапуваат предметите пред суд, се надевам дека ќе имаме повеќе разрешници оваа есен“, оваа го изјави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, пред да влезе во Основното јавно обвинителство на распит.
Таа истакна и дека се надевам дека со нејзината изјава денеска и со нејзините аргументи ќе ја забрза истрагата.
Досега во обвинителството на сослошување беа Лиле Стефанова, елизабета Јосифовска и Бурим Рустеми од Специјалното Јавнот обвинителство, а вчер ана расип во ОЈО беше и второосомничениот Зоки Кичеец, кој беше на сослушување околу три часа. Исто така, на распит беше повикана и пензионерката Лилјана Тодоровски.
Видео и Фото МИА