(ВИДЕО) Изгубил дел од богатството и како Робинзон Крусо отишол да живее на пуст остров
Објавено во: Свет 30 Декември, 2019
Милионер со години живее на австралиски пуст остров.
Станува збор за Дејвид Глашин, кој имал компанија која ископувала злато во Папуа Нова Гвинеа. Тргувал со најголемите светски бизнисмени и компании, но по падот на берзата во 1987 изгубил голем дел од богатството.
Откако го напуштила сопругата, одлучил да се пресели на мал пуст остров на североистокот на Австралија. Друштво му прави неговото куче.
„Ова е мојот рај на земјата. Кога дојдов на островот, бев отруен од желбата за пари. Парите ги трујат луѓето. Поради нив ми се расипа и бракот“, објаснува Глашин.
Вели дека понекогаш му недостига разговор со луѓе и дека би сакал некој да го посети неколку пати годишно.
„Морате постојано да мислите позитивно инаку ќе полудите бидејќи работите не секогаш одат како што сте сакале или планирале“, рече тој.
Секогаш нешто може да тргне во надолна линија, кажува тој.
Еднаш годишно го напушта островот за да си купи намирници.