(ВИДЕО) ИСПОВЕД НА ЖЕНА КОЈА ПРЕЖИВЕА НЕОБИЧНА НЕСРЕЌА: Гром двапати ја погоди колата што ја возеше
Објавено во: Свет 17 Септември, 2019
Жена од Русија за чудо останала неповредена откако речиси истовремено два удари на гром го погодиле нејзиниот џип.
Спектакуларниот „огномет“ на патот го снимила камерата на возилото кое се движело позади додека се приближувале до семафорот во Новосибирск.
Моторот на „тојотата“ моментално застанал, а без разлика на силниот удар возилото не се запалило.
-За момент ослепев и грчевито го зграбив воланот. Се случи толку брзо-ја прераскажува траумата Галина Ершова која била во возилото позади.
Никој од возачите наоколу не застанал после ударот, но за среќа ни патниците ни жената зад воланот не биле повредени. Возилото на крај го одвлекла шлеп служба.