(ВИДЕО) ИМА И ЖРТВИ: Mигранти се судрија со полицијата на Лезбос
Објавено во: Балкан 29 Септември, 2019
Во Грција мигранти се судрија со полицијата, при што има и жртви.
За време на протестот на камп на грчкиот остров Лезбос, мигрантите предизвикаа пожари и се судрија со полицијата. Според непотврдени информации, две лица настрадаа во немирите во кампот. Мигрантите бараат да бидат преместени на копнениот дел.
„Има информации дека мајка и дете загинале, но не можеме да ги потврдиме“, изјави за „АП“, градоначалникот на Лезбос, Стратис Кителис.
УНХЦР во Грција објави дека се информирани дека жени и дете загинале во пожарот на Лезбос.