20 Април, 2024
0.0731

(ВИДЕО) ИМА ДЕВЕТ ЖРТВИ: Израел одговори на ракетните напади

Објавено во: Свет 10 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Палестински групи испукаа ракети кон Ерусалин од Газа, а Израел возврати со напад на палестинска крајбрежна енклава во најновата ескалација помеѓу двете страни.

Министерството за здравство на Палестина објави дека девет луѓе загинале во израелските воздушни напади. Водачите на Хамас се заканија со напади откако стотици Палестинци беа повредени во денешните судири со израелската полиција пред џамијата Ал-Акса во Источен Ерусалим. Тоа се најжестоките инциденти во градот во изминатите неколку години.

Ракетите беа испукани неколку минути откако истече ултиматумот на Хамас за повлекување на израелските безбедносни сили од стариот дел на градот во кој што се наоѓаат џамијата Ал-Акса и населбата Шеик Џара. Хамас го упати ултиматумот откако над 300 Палестинци беа повредени во судирите пред Ал-Акса, на денот кога Израел го одбележува Денот на Ерусалим, посветен на преземањето на Источен Ерусалим во 1967 година. Во немирите се повредени и 21 полицаец.

Многу Палестинци сметаат дека ова е намерна провокација. Годинашното одбележување се совпадна со последните денови на исламскиот свет месец Рамазан.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во одвоени телефонски разговори со шефот на палестинската национална администрација Махмуд Абас и шефот на политичкото биро на движењето ХАМАС, Исмаил Хани, соопштил дека ќе направи се што е во негова моќ за да го мобилизира целиот свет, посебно исламскот, за да го спречи "теророт на Израел против Палестинците".


Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато