(ВИДЕО) ХРВАТСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО ВАКЦИНИРА ГРАЃАНИ: Неочекуван настан на пунктот за вакцинација во Загреб
Објавено во: Балкан 08 Мај, 2021
Министерот за
здравство на Хрватска, Вили Берош, денеска вакцинира граѓани на Саемот во
Загреб.
Тој е таму од
осум часот изутрина и активно учествува во вакцинирање на граѓаните со
вакцината на АстраЗенека.
Од почетокот на вакцинацијата во Хрватска, потрошени се околу 1.078.760 дози, односно вакцинирани се 25 проценти од возрасната популација.