(ВИДЕО) ГРАНИЦИТЕ ЗАТВОРЕНИ, РОДИТЕЛИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ГИ ЗЕМАТ: Во хотел во Киев се наоѓаат 50 сурогат бебиња
Објавено во: Свет, Корона Вирус 14 Мај, 2020
50 сурогат бебиња лежат во хотел во Киев, a родителите не можат да си ги земат.
Светските медиуми објавија дека во Киев, Украина, во еден хотел се наоѓаат речиси 50 сурогат-бебиња чии родители од Велика Британија, од САД, од Италија, од Германија, од Романија и од други земји не можат да дојдат да си ги земат затоа што границите се затворени поради Kовид-19.
„Дејли мејл“ пишува дека родителите ѝ плаќале од 5.745 па сè до 57.365 фунти на агенцијата која им помогнала околу сурогат мајчинството.