(ВИДЕО) ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ФАБРИКА ВО БИХАЌ: Не се знае дали има повредени
Објавено во: Балкан 24 Мај, 2022
Голем пожар во утринските
часови ја зафати фабриката Аустротерм во населбата Каменица во Бихаќ во БиХ,
која се занимава со производство на топлинска изолација, потврдено е за N1.
Аднан Бегановиќ, портпарол на Министерството за внатрешни работи на Унско-санскиот кантон, рече дека полицијата и противпожарните бригади се на терен и дека се прават напори за гаснење на пожарот.
„Немаме никакви
детали за потеклото и причината за пожарот. Пријавата ја добивме пред половина
час и испративме полициски патроли во областа каде што се пожарникарите и се
обидуваат да го изгаснат пожарот за да спречат понатамошно ширење. Се уште не се
знае дали има повредени, а веќе е спроведена истрага“, изјави Бегановиќ.
Од фотографииите од социјалните мрежи се гледа дека црн облак од чад се извива над областа.
Аустротерм е австриска компанија која започна со работа на Бихаќ во 2018 година, наведува Индекс.хр.
ФОТО: YouTube/FENA