28 Март, 2024
0.0271

(ВИДЕО) ГО ПРЕЖИВЕА МАСАКРОТ ВО МЕКСИКО: Одел пеш 23 километри за да бара пoмош

Објавено во: Свет 06 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

По масакрот, кој се случи во Мексико, момче изодело цели 23 километри во потрага по помош.

Девин Блејк Ленгфорд, американско момче кое го преживеа грозоморниот напад, успеало да скрие шест браќа и сестри во грмушки, а потоа одело 23 километри за да повика помош.

На локален пат во мексиканската држава Сонора, на границата со САД, вчера е убиено деветчлено американско мормонско семејство, три мајки и шест деца, во заседа на убијци од наркокартел. Во нападот во понеделникот загинаа: Ронита Марија Лебарон, нејзините осуммесечни близнаци Титус и Тијана, две нејзини деца Кристал (10) и Хауард (12), Кристина Ленгфорд Џонсон, Доана Реј Лендфорд и двете од децата на Зора, Тревор (11) и Роган (3) .

Откако видел дека неговата мајка и брат загинале, Девин ги скрил своите шест браќа и сестри во грмушка и ги покрил со гранчиња за да бидат безбедни. Бидејќи не се вратил долго време, неговата деветгодишна сестра го напуштила засолништато за да се обиде да стигне до селото, открива нивната братучетка, Кендра Милер.

Девојчето Мекензи Рајн Ленгфорд, со часови талкало низ мракот, сè додека не била пронајдена по неколку часа откако другите деца се спасени.

Децата биле сами повеќе од шест часа. Од снимките на разговорите меѓу спасувачите, може да се слушне дека се водела дебата за тешката одлука дали да се ризикуваат уште животи или да се чека пристигнувањето на мексиканската армија.

Осум деца, од кои некои се само бебиња, го преживеале нападот во кој беа убиени нивните мајки, но минале низ пекол криејќи се со часови во грмушки. 


Напаѓачите стрелале во три возила во кои се наоѓале жртвите инаку жители на северниот дел од Мексико. Едно од возилата било целосно опожарено.

Пет деца се тешко повредени по што мексиканските власти ги пренеле преку границата со воен хеликоптер за да добијат лекарска помош во САД.

Трите други деца кои не се повредени, биле сместени кај членови на семејството во селото Ла Мора.

Мексиканските власти соопштија дека тие најверојатно биле жртви на заменет идентитет и дека напаѓачите веројатно сметале оти големото теренско возило припаѓа на ривалската банда.

Повеќето жители на селото Ла Мора имаат двојно државјанство, американско и мексиканско и себеси се декларираат како мормони иако официјално не се поврзани со ниту една црква.

Нивните предци кои биле припадници на одметната мормонска црква се населиле на северот од Мексико пред повеќе децении.

Соединетите Американски држави им објавија војна на нарко картелите и и понудија воена помош на Владата на Мексико.

Можеби ќе ве интересира

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ГЕРМАНИЈА - автобус се преврте, пет лица загина

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ГЕРМАНИЈА - автобус се преврте, пет лица загина