(ВИДЕО) ГРAД СО ГОЛЕМИНА НА ОРЕВ: Невреме во три хрватски градови
Објавено во: Балкан 03 Август, 2020
Невреме проследено со град и ветер попладнево погоди некои делови од Хрватска.
Најголема штета е направена во Ријека, во Карловац и во Дуга Реса.
Паѓал град со големина на орев, а оштетен е и дел од зградата на градското собрание, чиј покрив е срушен од ветерот.
Полицијата и пожарникарите се на терен, но засега нема информации за повредени луѓе.Градот што паѓал во Карловац кршел прозорци на повеќе куќи и станови.
Во Умаг мини торнадо рушело стебла.