(ВИДЕО) Еве како е уништен полигонот за нуклеарно тестирање
Објавено во: Свет 25 Мај, 2018
Три оперативни тунели се уништени заедно со придружните структури, објави дописникот на Раша Тудеј Игор Жданов, кој бил на лице место.
Северна Кореја, наводно на таа локација извела шест нуклеарни проби, а ова уништување требало да ја покаже посветеноста на Пјонгјанг на денуклеаризацијата до која доаѓа по самитот одржан во април по средбата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и неговиот јужнокорејски колега, Мун Џае Ин.
Неколку часа по уништувањето на полигонот, американскиот претседател Доналд Трамп го откажа самитот со Џонг Ун, кој беше закажан за 12 јуни во Сингапур.