(ВИДЕО) Ерменците ги преместија и гробовите затоа што веруваат дека Азербејџанците ќе ги сквернават
Објавено во: Свет 14 Ноември, 2020
Тоа е моја куќа, не можам да им ја оставам на Турците, вели Ерменец од Карабах.
Ерменците често ги нарекуваат Азербејџанците Турци.
Луѓето со нафта ги палат своите куќи пред да заминат за Ерменија.
Азербејџан ќе врати голем дел од енклавата која беше под ерменска контрола од почетокот на 1990-тите години. „Денес е последниот ден, утре азербејџанските војници ќе бидат тука“, кажува еден војник во селото Шаректар, во областа Калбаџар која треба да му биде препуштена на Баку. Азербејџан од утре треба да ја праземе контролата врз таа територија. Само во едно село, кое ја означува границата со соседната област Мартакерт која треба да остане под ерменска контрола, најмалку шест куќи гореле утринава. Додаде дека успеале и да ги преместат гробовите на своите родители, сметајќи дека Азербејџанците со задоволство ќе ги осквернават. Вчера гореа десетици куќи во истото село и во околината. Прекинот на огнот се почитува на целата контакт линија во Карабах, соопшти на брифингот портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.