(ВИДЕО) ЕКСПЛОЗИЈА ВО РЕСТОРАН ВО УРОШЕВАЦ: Повредени се 42 луѓе меѓу кои има и деца

Објавено во: Балкан 05 Јануари, 2021
Во експлозијата во ресторан во Урошевац на Косово се повредени 42 луѓе, меѓу кои и две деца.
Информацијата ја потврди градоначалникот на Урошевац, Казим Река. За приштинскиот портал Телеграфи изјави дека 12 повредени се испратени во Ургентниот центар во Приштина. Експлозијата се случила околу 15 часот и се верува дека е предизвикана од плинска боца во ресторанот. Ресторанот е целосно уништен. На почетокот на луѓето не им било јасно што се случило, а дел од нив мислеле дека се работи за земјотрес.
Можеби ќе ве интересира
СРБИЈА ГИ ЗАОСТРИ МЕРКИТЕ: Кафулињата, рестораните и трговските центри за викендот ќе работат до 14 часот

СЕ ШИРИ ЛАЖНА ВЕСТ ВО ХРВАТСКА: Сите новинари прашувале дали починала госпоѓата што прва ја прими вакцината

Доктор Славица ги разбива дилемите: Од што зависи јачината на имунитетот по примање на вакцината Aстра/Зенека

(ВИДЕО) СНИМЕН Е ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ДУБРОВНИК: Само еден човек се шеташе на улица

Србија го набавува лекот против ковид кој го користеше Трамп

Албанија ги заострува мерките, за викендот земјата ќе биде целосно затворена
