(ВИДЕО) Експлозија на гас урна зграда во Турција
Објавено во: Балкан 05 Октомври, 2022
Во провинцијата Јозгат во централна Турција се урна зграда при експлозија на гас. Објектот бил со два ката.
„Си-ен-ен Турк“ објави дека екипите на итната помош успеале да извлечат четири лица од под урнатините. Нема информации за жртви, ниту пак е позната причината за истекувањето на гасот. Теренот се расчистува.