(ВИДЕО) Една жртва и десетина повредени има во земјотресот на Крит
Објавено во: Балкан 27 Септември, 2021
Земјотрес со јачина од 6.2 степени утрово го погоди грчкиот остров Крит, при што едно лице загина, a десетина се повредени.
Потресот се случи на 20 километри југоисточно од градот Ираклион, на длабочина од два километри. Епицентарот е на 23 километри северозападно од градот Арви.
Локалните жители во паника ги напуштаа домовите, а училиштата веднаш беа евакуирани. Урнати се згради и предизвикана е огромна материјална штета.
Десет минути по првиот земјотрес, следел уште два последователни, со јачина од 3,8 и 4 степени, а потоа се регистрирани и уште неколку потреси.
Властите во Турција го предупредија населението за можна појава на цунами предизвикано од земјотресот во Грција, што, според прогнозите, може да го зафати целиот регион. На Крит скоро секој ден има земјотреси.
Во јули годинава на Крит имаше земјотрес од кој испукаа куќите.