(ВИДЕО) ЕЧЕШЕ „ОСМАН АГА“: Дачиќ пак му пееше на Ердоган
Објавено во: Балкан 13 Октомври, 2024
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ пак му ја пееше турската песна „Осман ага“ на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој деновиве ја посети Србија.
„Турскиот јазик не ми е перфектен“, рече Дачиќ.
И пред неколку години Дачиќ на ист начин го пречека турскиот претседател. Во видеото кое се појави на социјалните мрежи, Дачиќ објаснува дека пак ќе ја пее истата песна вп чест на Ердоган. Инаку, тој изјавуваше дека им пеел на повеќе лидери кои биле гости во Србија.
Еве како Дачиќ пееше пред 7 години.