(ВИДЕО) ДОРИЈАН НАПРАВИ ХАОС И ВО КАНАДА: Летале кровови и дрвја
Објавено во: Свет 09 Септември, 2019
Ураганот Доријан, кој веќе помина низ Девствените острови, Бахамите и американска Северна Каролина, донел олујни ветрови на далечниот исток на Канада, оставајќи без сттуја стотини илјади луѓе.
Доријан уште во саботата попладне го погодил градот Халифакс, симнувајќи кровови од станбените згради и корејќи дрвја, а урната е и една огромна градежна дизалица.
Во Канада нема извештаи за смртни случаи, иако Доријан досега однел најмалку 49 животи, најмногу од Бахамите.
Американските Национален центар за урагани соопштил дека посттропскиот циклон моментно е концентриран на околу 50 км источно од ртот Вајтл во Квебек.
Ветровите се со јачина од 120 км/ч , што е намлку над прагот на ураганска сила и се движат кон североисток.