24 Април, 2024
0.5760

(ВИДЕО) Да не беше засејувањето, ќе наврнеше многу повеќе град во Македонија

Објавено во: Агробизнис 21 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Трајан Димковски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, објави видео од вчерашното прво засејување на градоносните облаци и вели дека да не била оваа мерка ќе паднело многу повеќе град синоќа во Македонија.

Управата за хидрометеоролошки работи и Аероклуб Скопје, во текот на попладневните часови од вчерашниот ден имаа прва интервенција за спречување на појава на град со новата метода за авионско засејување на градоносните облаци.

„По најавата за очекувани временски непогоди поради дестабилизација на временските услови на територијата на нашата држава и во целиот Балкански регион, Управата за хидрометеоролошки работи подготвено и успешно го неутрализираше опасниот ефект од очекуваното невреме. Од УХМР посочуваат дека, доколку не беше дејствувано во текот на вчерашниот ден, појавата на град ќе беше од многу поголеми размери“, објави Димковски.


Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари