(ВИДЕО) Човек си пукаше во глава пред Парламентот во Белград
Објавено во: Балкан 23 Јануари, 2020
Човек се самоуби пред Парламентот во Белград.
Станува збор за маж на возраст од околу 50 години кој си пукал во главата денеска околу 19 часот на скалите пред Домот на Народното собрание во Белград. Самоубиството се случило пред голем број очевидци.
Од српското МВР велат дека мажот си пукал во пределот на устата, а починал на лице место.
Идентитетот на човекот не е познат, ниту се знае зошто се самоубил.
Полициските службеници не дозволуваат пешаците да се движат во околината на местото, но сообраќајот на Плоштадот Никола Пашиќ се одвива нормално.