(ВИДЕО) Бурата „Имелда“ го разори Тексас
Објавено во: Свет 21 Септември, 2019
Бурата,,Имелда” вчера го погоди подрачјето на Хјустон при што загинаа две лица.
Околу 100.000 луѓе останаа без струја во Хјустон и Југоисточен Тексас.
Националниот центар за урагани објави дека 114 см дожд ќе паднат во некои области се додека невремето не стивне.
Шерифот на округот Харис, Ед Гонзалес ја потврди втората жртва од невремето.
Тој во четвртокот објави твит дека е на местото на настанот кога телохранителите се обидувале да спасат еден човек кој се удавил во бело комбе.