28 Март, 2024
0.0269

(ВИДЕО) БОЛИВИЈА ОСТАНА БЕЗ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Тензиите не запираат, ЕУ нуди помош

Објавено во: Свет 11 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Тензично е во Боливија, а денес демонстранти го запалија „ковчегот на Ево Моралес“ кој синоќа се повлече од претседателската позиција. 

Повлекувањето го побара врховниот командант на aрмијата. 


„Поднесувам оставка за нашите браќа и сестри, државните службеници да не бидат на мета на напади и закани. Браќа и сестри, ова е државен удар, но сакам да ви кажам дека со ова нашата борба не завршува, ќе продолжиме да се бориме за еднаквост и мир. Сега наша должност е да ја смириме ситуацијата“ - изјави Моралес. 

Во меѓувреме, откако демонстрантите ја запалија неговата куќа, оставка поднесе претседателот на парламентот Виктор Борда и двајца негови министри.

Моралес е обвинет за кражба на изборите, а демонстрации има повеќе од месец дена. 

Левичарските лидери на јужноамериканските држави го осудија, како што кажаа, „државниот удар“ во Боливија откако претседарелот Ево Моралес во телевизиско обраќање ја најави оставката поради немирите во земјата и под притисок на воениот врв.

Оставката на Моралес ја осудија левичарските лидери на Венецуела, Аргентина и Мексико, додека кубанската влада остро го осуди „државниот удар“ во Боливија и изрази солидарност со Моралес. 

Европската унија денеска повика на смиреност во Боливија и понуди да испрати набљудувачи доколку се одржат избори во земјата.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Морегини, изјави дека шефовите на дипломтиите на ЕУ денеска размислувале да испратат набљудувачи и се согласиле дека „се подготвени да работат на тоа доколку бидат исполнети услови“, јавува агенцијата Бета.

И официјална Москва смета дека во Боливија се случил „исцениран државен удар“.

„Многу загрижува тоа што за време на политичката криза во земјата, подготвеноста на владата да се пронајдат конструктивни решенија низ дијалог се отфрлени и со развојот на настаните потсеќаат на државен удар“ - велат од руското МНР. 

Насилствата и немирите во Боливија започнаа после одржувањето на претседателските избори кон крајот на октомври на кои Моралес победи, но опозицијата го обвини за изборен фалсификат. Во нередите беа убиени три лица, а над 300 беа повредени.

Минатата недела демонстрантите нападнаа градоначалничка, при што ја влечеа за коса, а нејзината канцеларија беше запалена. 


Можеби ќе ве интересира

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија