(ВИДЕО) Балканец го разбива митот дека „мед и млеко“ тече на Запад, еве што вели
Објавено во: Балкан 20 Септември, 2018
Ален Кланац има 30 години и од Хрватска се преселил во Германија, каде три години живее со сопругата.
Вели дека во туѓина се живее тешко и во сиромаштија, а за луксузен живот потребно е многу труд и станување секое утро во 5 часот.
Тој во оваа земја имал и непредвидливи ситуации. Се случило газдата да не му исплати плата, а жена му да добие отказ додека е на боледување.