(ВИДЕО) Австралија под закана на огненото торнадо
Објавено во: Свет 03 Јануари, 2020
Огненото торнадо е нова опасност за Австралија.
Огнените торнада се појавуваат поради таканаречените огнени облаци, кои достигаат висина од 16 километри. Ваквите временски феномени дополнително ја отежнуваат веќе значително опасната ситуација во една од најлошите временски сезони забележани во историјата на Австралија, пренесе српски „Курир“.
Сателитски снимки и фотографии покажаа каков хаос владее во Австралија по пожарите, во кои загинаа 18 луѓе.