(ВИДЕО) Археолозите пронајдоа изгубен град во Египет, стар 3.000 години
Објавено во: Свет 12 Април, 2021
Објавена e снимка од изгубениот град во Египет стар 3.000 години.
Aрхеолозитe минатата недела по седум месеци работа открија загубен град стар три илјади години, полн со куќи, артефакти и алатки од времето на фараоните. Откриен е градот за кој се верува дека е најголемиот антички град Атен.
Како што велат експертите, ова откритие е второто најважно археолошко наоѓалиште во Стариот Египет после откривањето на Тутанкамоновата гробница. Јужниот дел од градот имал пекарница, печки и керамички садови за храна, додека северниот дел од градот бил составен од административен и станбен кварт, со куќи чии ѕидови биле високи и по 3 метри.
foto EPA