(ВИДЕО) AМАЗОНИЈА ГОРИ: Беснеат повеќе од 1.000 пожари
Објавено во: Свет 02 Август, 2020
За 24 часа во Амазонија се забележани повеќе од 1.000 пожари.
Уништени се белите дробови на планетата.
Во девет бразилски држави кои граничат со амазонскиот базен, бројот на пожари значително е пораснат за повеќе од 20 отсто во јули во споредба со истиот месец лани. Овие податоци ги објави националниот Институт за вселенско истражување Инпе.
Институтот информираше дека во јули оваа година се регистрирани 6.804 пожари.
Во четвртокот, сателитите снимили 1.007 пожари во Амазонија.
Активистот на „Гринпис“, Ромуло Батиста, изјави дека забраната за палење на растенија со официјална уредба, нема да функционира се додека не биде засилен надзорот на тоа поле.
Во средината на јули, министерот за животна средина, Рикардо Салес и претседателот Жаир Болсонаро, го забранија палењето на растенија на 120 дена во амазонскиот регион и Пантанал, најголемото подрачје на мочуришта во светот.