(ВИДЕО) Ова е елка стара девет децении, наскоро ќе светне...
Објавено во: Свет 17 Ноември, 2022
Почнува украсувањето на најпознатата елка во светот, која има 90 години и е тешка 14 тони.
Таа е поставена во Центарот Рокфелер откако помина 300 километри од Квинсбери до Менхетен. Елката е донација од семејството Либовиц од Глен Фолс. Таа ќе биде украсена со повеќе од 50.000 ЛЕД светилки и на врвот со ѕвезда од кристал Сваровски. Светлата свечено ќе се вклучат на 30 ноември, а настанот директно ќе го пренесуваат на телевизиите во САД. По 30 ноември светилките ќе бидат вклучени секој ден од 6 до 12 часот, а на Божиќ цел ден. Луѓето го набљудуваат поставувањето на оваа огромна елка. Тие велат дека ги сакаат празниците, а некои од нив сметаат дека уште е рано за Нова година и Божиќ.