20 Април, 2024
0.0287

ВЕТЕРИНАРИТЕ СМИРУВААТ: Домашните миленици не го пренесуваат коронавирусот на луѓето

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 30 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Мачките и кучињата, најчестите милиници на луѓето не може да го пренесат новиот коронавирус, односно Ковид-19 на луѓето, но може да бидат позитивни на тестот, бидејќи може да се заразат од својот сопственик, велат ветеринарите. Во време кога од ден на ден се повеќе се зголемува загриженоста кај оние што имаат миленик во својот дом, но и откако во Белгија се појави првиот случај на мачка која е позитивна токму на Ковид-19, ветеринарите во земјава даваат детални информации зошто луѓето не би требало да живеат во страв доколку имаат миленик.

- Семејството на коронавирусите се едни од најподложните на мутации, така што други типови на коронавирусот генерално ги има и кај кучињата, и кај говедата, свињите и така натаму. Кај кучињата заразени со коронавирус, проблемите се јавуваат во гастроинтестиналниот тракт, односно имаат стомачни проблеми, додека кај свињите, пак, чии органи се најблиску до органите на човекот, коронавирусот ги напаѓа белите дробови. Сепак, инфицираните животни со други типови на коронавирус многу успешно се лекуваат, со симптоматска терапија, инфузиона терапија, терапија за зајакнување на имунитетот, вели ветеринарот Димче Велковски, сопственика на Ветеринарен центар.

Но, што се однесува до новиот коронавирус, Ковид-19, Велковски вели дека тој е се уште предмет на истражување и многу нешта поврзани со него се непознатица за науката.

-Иако многу нешта се уште се анализираат, тоа што треба јавноста да го знае е дека Ковид-19, животните не може да го пренесат на луѓето, но сепак на тестот за коронавирус, односно Ковид-19, домашните миленици може да бита позитивни. Истото го наведува и Светската здравствена организација, како и Светската асоцијација на ветеринари, кои дополнително појаснуваат дека веќе познатите коронавируси кај мачките и кучињата едно задничко нешто што го имаат со Ковид-19 е дека припаѓаат на истото семејство вируси, вели Веловски.

Последниот случај во Белгија со заразената мачка, како што истакнува ветеринарот Велковски, е изолиран случај и тоа допрва ќе се испитува, но најважно е: како што луѓето сами се грижат за својата хигиена, истото да го прават и со своите миленици.

-Сопствениците на домашни миленици би требало да преземат дополнителни мерки за хигиена, која подразбира миење на рацете пред да ги нахранат и забрането е бакнувањето со нив. Оние кои се заболени од вирусот, исто како и со останатите членови на семејството, би требало да избегнуваат контакт и со својот миленик. Ако откријат промени во здравствената состојба на своето куче или мачка би требало веднаш да го известат својот ветеринар. И најважно од се, грижата не смее да прерасне во паника и да го напуштат својот миленик, советува ветеринарот Велковски.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите